Одбраната на Трамп: Сенатот „нема јурисдикција” да го суди

Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Во пресрет на судењето за импичментот на Доналд Трамп, неговите адвокати ги отфрлија обвиненијата против него како „политички театар”, со образложение дека тој не е одговорен за нападот на Капитолот на 6 јануари, при што загинаа неколкумина лица, и дека е противуставно да се организира сенатски суд на поранешен претседател. 

Во достапниот за јавноста извештај од 78 страници доставен денеска до Сенатот, се вели дека веднаш пред настапот на Трамп на 6 јануари во Вашингтон, тој „не посочил на никому да изврши незаконски чинови”, и дека тој не е виновен за однесувањето на „мала група криминалци” кои веднаш потоа насилно упаднаа во Капитолот, откако, всушност, тој им порача „да се борат пеколно” против резултатите од изборите, кои тогашниот претседател претходно ги нарече „фалсификувани”. 

Адвокатите исто така инсистрираат дека Сенатот „нема јурисдикција” да го суди Трамп затоа што сега тој е физичко лице, нарекувајќи го таквиот обид „патентирано смешен”. 

Ова е првата правна одбрана на адвокатие на Трамп, откако Претставничкиот дом, поддржан и од десетмина републиканци, изгласа уште еден импичмент поради „поттикнување на побуна” во Конгресот.  

Долниот дом на Конгресот на САД изгласа импичмент против Трамп и во декември 2019 година, за друг случај поврзан со повикот на Трамп до претседателот на Украина, Володомир Зеленски, да влијае на изборите во САД.  

Претхондо, самиот Трамп, претходно експресно го одби поовикот на обвинителите во Сенатот, составен од демократи законодавци, да сведочи на судењето кое се очекува да запчне неделава.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот