Одбојкарите го започнаа нападот на златото во „Европската сребрена лига“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска во Струмица го започна подготовките пред настапот во Европската сребрена лига каде очекуваат да продолжи низата на успешни настапи, а овој пат целта е освојување на златниот медал.

Одбојкарите на почеток од годинава преку двата квалификациски турнири кои се одржаа во Скопје, успеаја да обезбедат пласман на Европското првенство кое ќе се игра годинава. Ова ќе биде второ учество на ЕП едноподруго, но претходно, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе се обидат да дојдат до златниот медал во Европската сребрена лига.
На првата прозивка на селекторот Матијашевиќ се појавија сите повикани 20 одбојкари, кои од утре почнуваат со тренинзи во струмичката сала „Парк“, каде што ќе се одигра првиот и завршниот турнир со што на Македонија и е загарантирано учеството во битката за златниот медал.

– Ова ќе биде долг репрезентативен период и задовоство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Абициите се јасни и верувам дека се остварливи – вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Во периодот од 21-23 мај во струмичката сала „Парк“ ќе гостуваат одбојкарите на Израел, Кипар и на Данска, каде што ќе се одигра вториот турнир од 28-30 мај во Шлагелсе. Најдобрите четири екипи во натпреварувањето ќе се надмудруваат за медалите на завршниот турнир во Струмица на 5 и на 6 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот