Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Одбиената тужбата против ДИК: Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени

Управниот суд ја одби тужбата на политичка партија, која поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија да ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице, со што одлуката на ДИК останува во сила.

„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави на денешната прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

За случајот се дозна јавно откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.

„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Даштевски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.

„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече Даштевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот