Одбележана 77-годишнина од почетокот на инвазијата на Нормандија

Голем британски меморијален центар е отворен во Вер-сур-Мер, на северозападот од Франција, во спомен на мажите и жените кои ги загубија своите животи под британска команда на Денот Д и за време на битката кај Нормандија.

Во знак на сеќевање на 77-годишнината од почетокот на еден од најголемите воени потфати во историјата – сојузничката инвазија на Нормандија, Франција, денеска се одржани неколку церемонии за оддавање почит на жртвите.

Голем британски меморијален центар е отворен во Вер-сур-Мер, на северозападот од Франција, во спомен на мажите и жените кои ги загубија своите животи под британска команда на Денот Д и за време на битката кај Нормандија.

„Ова се луѓето кои овозможија враќање на слободата на европскиот континент”, рече британскиот амбасадор во Франција, лорд Едвард Луелин.

Повеќе од 150 000 сојузнички војници се истоварија на Денот Д на францускиот брег под британска команда.

Втора година по ред, поради ограничувања поради коронавирусот, годишнината се одбележува без големи собири и без присуство на семејствата на паднатите војници од САД, Велика Британија, Канада и други сојузнички земји.

Воените авиони надлетуваа над новоизградениот меморијален центар, испуштајќи црвено-бело-син чад. На ѕидот на центарот е исклесан натпис: „Тие загинаа за да може Европа да биде слободна”.

Битката за Нормандија е сојузничка инвазија на Северна Европа во Втората светска војна, која почна на 6 јуни 1944 година, со најголемата поморско-десантна операција во историјата на Нормандија, Франција. Наречена е и операција Оверлорд затоа што преку Англискиот канал, во повеќе од 5.000 бродови и 10.000 авиони биле превезени 156.000 американски, британски и канадски трупи. Под команда на генерал Двајт Ајзенхауер, сојузничките сили се истоварија на пет плажи на Нормандискиот брег и набрзо воспоставија логорски територии, и покрај силниот германски отпор и тешките загуби на плажите Омаха и Џуно. Битката де факто заврши во август 1944 година со ослободувањето на Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот