Од заседа застрелани двајца полицајци во Лос Анџелес (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Двајца полицајци од Лос Анџелес се опоравуваат во болница откако се затстрелани, од заседа, соопштија од полиција.

Снимката од инцидентот прикажува лице како се доближува до полициското возило, пред да отвори оган, по што бега.

Непознати се идентитетите на застреланите полицајци, но неофицијално се дознава дека станува збор за 31-годишна жена и 24 – годишен маж. Полицајката е застрелана во вилицата и рацете и била во критична состојба, но сега е стабилна по успешната опрација, соопштија од полицијата. Мажот, нејзиниот колега, е застрелан во челото, раката и дланката, а неговата состојба е опишана како „алармантна“, јавува Еј Би Си Њуз.

Шерифот на полицијата во Лос Анџелес Алекс Вилануева овој чин го нарече кукавички, а осомниченото лице сѐ уште е во бегство.

„Ова е само мрачен потсетник на тоа дека ова е опасна професија. Акциите, зборовите имаат последици и нашата работа не станува полесна зошто луѓето не сакаат спроведување на законот“, рече шерифот Вилануева.

Полицијата од Лос Анџелес објави дека нуди 100.000 долари награда за оној кој ќе достави било каква информација за, засега непознатиот напаѓач.

Демонстрантите го блокираа влезот во итната помош, уапсена новинарка, снимила сѐ

Демонстранти извикувале пароли против полицијата и го блокирале влезот во итната помош во која биле двајцата повредени полицајци, соопштија од полицијата, но открија и сведоциа. Две лица се уапсени, вклучувајќи и новинарка за која полицијата тврди дека го попречувала апсењето на друго лица, кое не се идентификувало како медиумски работник.

Снимката од инцидентот ја пренесе на својот Твитер и претседателот Доналд Трамп со коментар: „Животни кои треба силно да се удрат“.

Неговиот демократски противник на престојните избори рече дека се моли за полициските службеници побрзо да се опорават.

„Ова ладнокрвно пукање е несовесни и причинителот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, твиташе Бајден.

„Насилство од било кој вид е погрешно, тие што го прават треба да бидат уапсени и казнети“.

Статистиката на ФБИ открива дека во 2020 година се убиени речиси 40 полицајци на должност. Осум од нив биле жртви на вакви заседи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот