Фото: Град Скопје

Од ветрот во Скопје настрадале дрвја, има искинати кабли и оштетени автомобили

Поради силниот ветар кој од вчера дува во Скопје на повеќе локации низ градот имаше паднати дрвја и оштетени гранки.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.

Оттаму додаваат дека за состојбата веднаш биле известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека екипите се на терен и расчистуваат за да обезбедат безбедно движење на граѓаните.

Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот, соопшти градоначалникот.

Тој апелира до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот