Од тетовскиот водовод извадени два и пол кубни метри песок, чакал и земја

СП. архива

Околу 2,5 кубни метри песок, чакал и земја се отстранети од цевководот на улицата „Цветан Димов” во Тетово кои се насобраа по дефектот и за време на замената на водоводните цевки минатата недела.

Како што информира работната единица Водовод и канализација при Јавното Комунално Претријатие „Тетово”, овие интервенции беа причини вчера и денеска да има нови прекини во водоснабдуавњето кај голем дел од домаќинствата.

-Откако беше утврдено нема проток на водата и дека има затнување и блокирани цевки, вчера во 15 часот започнаа интервенции и прекини. Околу 19 часот се пушти системот во употреба но немаше доволно притисок за да има доволно вода кај сите домаќинства, објасни раководителот на водотехничката лабораторија во тетовскиот водовод, Љуљзим Шаќири.

Од утровоа поради продолжување со отстранување на наносите од песок и земја повторно било  прекинато водоснабдувањето кај 60 проценти од градот.

-Два и пол кубика песок се извдадени кај редукторот и заштитана мрежа што ја има цевководот на улицата „Цветан Димов” кај објектот на поранешното медицинско училиште на потег од 60 метри. Се работеше до 14 часот, а од 16 часот веќе почна нормалното снабдување со вода, рече Шаќири.

Според него, системот сега е во добра кондиција.

-Со оглед дека има доволно доток на вода од природните извори за очекување е во текот на денот секаде да има нормално водоснабдување и достигнување на притисок од четири бари во системот.  Имаме интервентна екипа која работи на пријавите за појава на песок кај вентили и водомери.  Мора да се има предвид дека притисокот на вода во чешмите е зависен од повлекувањето на водата од оние кои имаат хидрофори и цистерни за складирање на вода, истакнува Шаќири.

Дотокот на вода во тетовската градска мрежа сега изнесува 400 литри во секунда. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот