Од следниот семестар наместо 140 дневно за оброк, студентите ќе добиваат 840 денари неделно

Фото: Instagram

Најдоцна од следниот семестар, субвенцираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделно ниво, односно наместо по 140 денари дневно, студентите во понеделник ќе имаат на располагање 840 денари, средства што ќе можат да се трошат во текот на таа недела.

Ова беше договорено на вчерашната средба на Универзитетско студентско собрание – УКИМ и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Со оваа одлука, студентите во понеделниците ќе имаат на располагање 840 денари, средства што можат да ги потрошат во текот на таа недела.

Министерството за образование и наука од оваа академска година воведе нов начин на исплата на средствата од студенски оброк.  Студентите добиваат парични средства на наменска платежна картичка во износ од 140 денари. Студентите имаат обврска во текот на денот да ги потрошат парите, во спротивно тие средства нема да бидат достапни за трошење следниот ден.

За најважното прашање во моментов – ретроактивната исплата на заостанатите стипендии – поради административни пречки – добивме уверување дека исплатата ќе започне најдоцна до 15 декември, а УСС силно ќе притиска процесот да биде навремено завршен – соопштија од Студентското собрание на Фејсбук.

Од Студентското собрание најавија и дека во комисијата за избор на студенти во студентските домови конечно влегуваат и членови – студенти од Универзитетските собранија. Ова значи дека студентите кои ќе бидат дел од Комисијата ќе ги прегледуваат апликациите за да се осигурат дека нема да има неправилности.

УСС побара да бидат зголемени и правата на студентите во втор и трет циклус на студии, односно оние кои не се во работен однос да имаат право на стипендија, студентски оброк, можност за сместување во студентски домови и можност за користење на студентска карта за градскиот превоз.

Студентското собрание при УКИМ апелираше итно да се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

За Стив реконструкцијата ќе започне најдоцна до јануари, а за Кузман чекаме официјален одговор на барањето – додаваат од УСС.

Како што соопштија од Универзитетското собрание, формиран е и канал за комуникација меѓу тим студентски претставници од УСС и претставници од МОН, за олеснета комуникација меѓу студентите и институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот