Од Роналдо до Канје: Љубовните партнери и афери на рускиот модел Ирина Шајк

epa-efe

Рускиот модел Ирина Шајк деновиве повторно е во центарот на вниманието на светската јавност, откако протекоа фотографиите на кои е заедно со раперот Канје Вест. Гласините едноставно не стивнуваат…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @irina_whith_vito_or_kanye

И додека да дознаеме дали официјално се заедно, јавноста сведочеше на неколку долги врски на Шајк со познати личности, иако моделот верува дека, барем кога станува збор за споделувањето на приватниот живот со светот, колку што јавноста помалку знае, толку е подобро.

Дали ова е новиот пар меѓу славните? Светските медиуми не престануваат да пишуваат за врската меѓу Канје Вест и Ирина Шајк

Бидејќи мојата работа бара да бидам дел од јавноста, едноставно решив дека мојот личен живот ќе се одвива во тишина. Затоа се нарекува личен, бидејќи тоа е нешто што ви припаѓа вам и на вашето семејство и јас се чувствувам среќна со тоа“, изјави Шајк за британското издание на „Гламур“ во февруари 2019 година.

Шајк и Рондалдо

epa-efe
EPA/ALBERTO MARTIN

Гласините за наводната љубовна врска на Ирина со светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо започнаа кратко откако двајцата се запознале во 2010 година. Поранешната двојка долго ја чуваше својата романса далеку од очите на јавноста, не коментирајќи ништо, за потоа во јуни 2014 година да се појават на насловната страница на „Вог“, на која позираа заедно. Тие беа заедно пет години, а убавата манекенка и славниот фудбалер раскинаа во јануари 2015 година.

Шајк и Купер

epa-efe
EPA-EFE/MIKE NELSON

Четири месеци подоцна светските медиуми почнаа да ја поврзуваат со актерот Бредли Купер. Тие беа забележани заедно на мјузиклот на Бродвеј „Finding Neverland“. Тие решија да ја потврдат нивната љубовна врска во мај истата година со јавен бакнеж. Во ноември 2016 година, манекенката се појави на пистата на ревија на „Викторија Сикрет“ со труднички стомак, по што за магазинот „Us Weekly“ потврди дека очекува дете со актерот. Тие станаа родители на ќерката Леа Де Сиен во март 2017 година. Ирина и Бредли се разделија во јуни 2019 година.

Иако по раскинувањето, Купер и Шајк останале добри пријатели фокусирани на родителство и воспитување на нивната ќерка, па затоа актерот се преселил во Њујорк.

Шајк и Шнабел

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @irina_whith_vito_or_kanye

Шајк првпат беше виден со дилерот на уметности во Њујорк во март 2020 година.

Вито отсекогаш бил заинтересиран за Ирина, а тие се запознале пред неколку години. Тој е многу дружељубива личност, сака да излегува и да се забавува“, изјави тогаш извор за „Us Weekly“.

Шајк покажа разбирање за интересот на другите за нејзиниот љубовен живот

Profimedia
Profimedia

Секој гледа различно на тоа. Дали верувам во брак? Да, секако! Јас не сум таков човек што е против тоа… Мислам дека тоа зависи од човечката природа: сакате да имате нешто што не можете. Кога ќе наидете на завеса, сакате да ја одмотувате. Претпоставувам дека станува збор за љубопитност“, изјави Ирина за „Harper’s Bazaar Summer Digital Issue“ во јули 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот