Од рекламите и валканите прозори, патниците во автобусите на ЈСП не знаат каде да се симнат (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во услови кога Скопје се гуши од загадениот воздух, и кога градските власти постојано апелираат да се користи јавен превоз, со цел намалување на загадувањето, сосема оправдано е граѓаните да очекуваат пристојни услови за превезување, особено што јавниот градски превоз е единствената алтернатива што се нуди за движење низ Скопје во замена за автомобилите.

Сепак, голем број граѓани изминатиов период на социјалните мрежи искажуваа незадоволство од хигиената во автобусите.

– И покрај тоа што ЈСП Скопје има перални во автобазите во Ѓорче Петров и во Автокоманда, автобусите се нечисти – вели читателка на Слободен печат.

– Однадвор изгледа како на нив да се залепила цела прашина од скопските улици, а во голем број од автобусите, прозорите и вратите се толку нечисти што не можам да видам на која автобуска станица се наоѓам – вели друг читател и корисник на јавен градски превоз.

Фоторепортерот на „Слободен печат“ минатата недела излезе на скопските улици, а фотографиите кои што ги направи се потврда за кажаното на социјалните мрежи.

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески
Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Ги прашавме и граѓаните кои редовно се возат во автобусите на ЈСП дали имаат забелешки на хигиената во автобусите. Дел од нив потврдуваат дека автобусите се нечисти, други пак велат дека немаат големи очекувања и дека се прилагодуваат на условите.

По критиките на дел од граѓаните, реагиравме до ЈСП Скопје, по што денеска, откако повторно излеговме на скопските улици, забележавме значително подобрена хигиенска состојба.

Фото: Слободен печат/Д. Митрески
Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот