Од понеделник ќе се чистат езерцата и каналите во Градски парк

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта” од понеделник започнуваат со комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои, како што тврдат, не се чистени околу пет години, за што во тек се подготвителни активности.

Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање. Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата – ја објаснуваат постапката од „Улици и патишта“.

Активностите за чистење на езерцата во Градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а од претпријатието апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот