Од ова се плашевме сите од коронавирусот: Погледнете како изгледа кашлање со и без маска (ВИДЕО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Колку е важно да се чува дистанцата при епидемијата на коронавирусот, демонстрирале професори од лабораторија во Филаделфија, кои искористиле кукла за да покажат што се случува кога некој кашла, а не носи маска, и како капките се шират кога на лицето е ставена маска.

Професорите ја наполниле куклата со мешавина од глицерин и вода, а со помош на пумпа симулирале кашлање за да видат колку далеку капките ќе патуваат.

Прво тестирале како капките се шират ако не се носи маска. Веќе во првиот налет на кашлица капките преминуваат околу еден метар. Во наредните пет секунди, капките се веќе на околу два метри од куклата, а за само 10 секунди поминале околу 2,7 метри.

Маглата која содржи капки се задржала извесно време во воздухот, и поместувајќи се напред и требало околу 40 секунди да продолжи да патува уште околу 2 метри. При секој обид, капките поминувале два метри, што е инаку препорачаната дистанца.

  • На околу 2,7 метри, ако условите се поволни, капките можат да се задржат уште две-три минути, но утешително е дека не се толку густи концентрациите како на два метри, рекол професорот Манар Данак.

Кога ќе се стави маска, експериментот покажува дека одреден дел од капките се пробива од страните, но капките не патуваат ни приближно далеку како во случајот кога куклата нема маска.

  • Два метри е најмалото растојание кое треба да го држиме, но би рекле што подалеку, толку подобро, порачува Манар Данак.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот