Од недела ќе има прекин во емитувањето на каналите во знак на протест на кабелските оператори

Одлуката за прекин во емитувањето на каналите ќе биде на сила сѐ додека не се најде решение за спорните одредби со кои се оневозможува реемитувањето.

Од недела кабелските оператори во знак на протест ќе почнат со времени прекини во реемитувањето на телевизиските канали. Како што велат операторите во писмото испратено до Владата, Собранието и неколку амбасади во земјава протестот е поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

-За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Влдата- се вели во писмото на кабелските оператори.

Одлуката за прекин во емитувањето на каналите ќе биде на сила сѐ додека не се најде решение за спорните одредби со кои се оневозможува реемитувањето.

Заканата за времено исклучување на сите ТВ канали е поради измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Операторите велат дека законските измени им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот