Од Меси до Озил: Топ 10 слободни играчи во 2021 година!

Фото: twitter/Deportes RPC

Еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња, Аргентинецот Лео Меси, ги предводи Топ 10 фудбалерите чии договори со клубовите истекуваат следното лето, што автоматски ќе ги направи слободни агенти на фудбалскиот пазар.

Многумина од оваа листа беа видени ова лето на излезните врати на нивните клубови, но сите (неочекувано) останаа.

Лео Меси сакаше да го напушти „Камп Ноу“ по 16 сезони, но одлучи уште 12 месеци да ги брани боите на Барселона, бидејќи, како што рече, „никогаш не би го тужел својот сакан клуб“.

Каде ќе игра одличниот Аргентинец од пролетта 2021 година, никој сè уште не знае, само споменувањето на неговото име најавува уште едно жешко лето на фудбалскиот пазар.

Повеќето од нив се во доцните години, но се далеку од тоа дека веќе го кажаа последниот збор во светот на фудбалот. Покрај Меси, на списокот се и двајцата негови сонародници, Агуеро и Ди Марија, но и поранешниот најдобар фудбалер на Арсенал, Месут Озил, кој не се најде во списокот на „топчиите“ за Лигата на Европа.

twitter/Arsenal

Тука е и најдобриот фудбалер од последното Светско првенство, Лука Модриќ, неговиот соиграч и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, играчот за врска на „црвените ѓаволи“, Пол Погба ..

Секако, можно е во меѓувреме некој од нив да потпише нов договор, но и да го смени клубот во јануари, еве го списокот на Топ 10 најпознати слободни играчи за 2021 година:

1. Лионел Меси (Барселона, 33 години)

2. Серхио Агуеро (Манчестер сити, 32)

3. Серхио Рамос (Реал Мадрид, 34)

4. Џорџино Вајналдум (Ливерпул, 29)

5. Пол Погба (Манчестер јунајтед, 27)

6. Мемфис Депај (Лион, 26)

7. Давид Алаба (Баерн Минхен, 28)

8. Анхел ди Марија (ПСЖ, 32)

9. Лука Модриќ (Реал Мадрид, 35)

10. Месут Озил (Арсенал, 31)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот