Фото Facebook Screenshot Edi Rama

Од дронови и снајпери до електрошокови е новото оружје на албанската Национална гарда

Албанската влада објави дека донесла одлука за опремување на Националната гарда со оружје и невропарализирачки средства.

Владата сугерира дека ова ново оружје ќе го користи Националната гарда во случај на протести за менаџирање со толпи.

Во Службен весник е објавена целосната одлука со сите видови оружје што ќе се најде на списокот со средства што ќе ги користи гардата во случај на потреба од настани под нејзина надлежност.

Во неа се наведува дека гардата ќе биде опремена со камери, пневматско оружје, спреј, пушки, електрошокови, снајпери, акустични и димни гранати, придушувачи, анти-експлозивни куфери, антиробот експлозиви, ограничувачки уреди за употреба на сила, GPS системи, системи за беспилотни летала (дронови) и многу други уреди.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот