Менудх Тачи, лидер на ДПА, Фото: Архива

Од ДПА велат дека не им понудиле да влезат во Владата, а да им понудат – не би одбиле

Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска во Тетово го одржува Централното собрание.

Членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе станат дел од Владата, рече дека сè уште не добиле покана, но и дека, доколку ја добијат, не би ја одбиле. Имери нагласи дека ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови.

-Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со Владата. Едно е јасно, агендата на Демократската партија на Албанците и агендата на Владата и партиите на власт се чини дека се различни, но секако, ќе дебатираме со сите – рече Алиу.

Прашан за локалните избори, Имери изјави дека „поразот на ДУИ не е национална трагедија“, притоа нагласи дека е време за реализација на ветеното , за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот