Општина Центар/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Од 3.000 до 25.000 денари ќе добијат 125 жители на Центар со тешка здравствена или материјална состојба

Граѓани од Центар, кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба, ќе добијат финансиска помош од Општината, а исплатата на средствата ќе започне месецов.

Градоначалникот Горан Герасимовски одобри финансиска поддршка за 125 граѓани, кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година.  Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка, а како што информираат од Општината, висината на помошта изнесува од 3.000 до 25.000 денари и се утврдува според индивидуалните потреби.

Секој наш сограѓанин е важен. Заедно градиме општество на еднакви можности. Оваа финансиска помош е наменета за оние на кои им е најпотребна, за лекување, нега и поддршка во секојдневниот живот, истакна Герасимовски.

Мерката ќе продолжи и оваа година, со цел да им се помогне на жителите на Општина Центар што се соочуваат со здравствени и материјални потешкотии.

За остварување на правото на финансиска поддршка, потребно е во Општината да се достават документи со кои се докажува здравствената или финансиската состојба, како што се потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, потврда од Управата за јавни приходи, медицинска документација или друг соодветен доказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот