Цигари илустрација / Фото EPA/DEAN LEWINS

Од 2027 година се воведува забрана за пушење цигари во угостителските објекти во Република Српска

Новите правила не се однесуваат само на класичните цигари, туку и на електронските цигари, загреаните тутунски производи и никотинските кесички. Сопствениците на објекти ќе имаат обврска да ги отстранат пепелниците, да постават јасни ознаки за забрана и да обезбедат целосно почитување на законот во своите простории

Република Српска усвои нов Закон за заштита на здравјето од тутунски и сродни производи, со кој се воведува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни простори, вклучително и во угостителските објекти. Законот стапува на сила на 1 август 2026 година, а неговата целосна примена е планирана за јануари 2027 година, со преоден период за прилагодување на локалите, пренесува Дојче Веле.

Новите правила не се однесуваат само на класичните цигари, туку и на електронските цигари, загреаните тутунски производи и никотинските кесички. Сопствениците на објекти ќе имаат обврска да ги отстранат пепелниците, да постават јасни ознаки за забрана и да обезбедат целосно почитување на законот во своите простории.

Предвидени се строги казни за прекршителите – до 2.000 конвертибилни марки за физички лица и до 6.000 марки за сопствениците на објекти кои нема да ги спроведат пропишаните мерки.

Министерот за здравство, Ален Шераниќ, изјави дека законот има силна поддршка од јавноста и дека над 70 проценти од граѓаните, и пушачи и непушачи, ја поддржуваат оваа мерка. Во изјава за Deutsche Welle тој нагласи дека целта е заштита од пасивно пушење и превенција на никотинска зависност кај младите.

Здруженијата за јавно здравје ја поздравуваат одлуката како важен чекор кон намалување на респираторните заболувања и ризикот од рак на белите дробови кај непушачите. Од друга страна, дел од угостителите и пратениците предупредуваат дека целосната забрана може негативно да влијае врз малите локали и традиционалната кафанска култура.

И покрај поделениот јавен став, со овој закон Република Српска се изедначува со Федерација Босна и Херцеговина, која слични мерки воведе една година претходно, но со поблаги услови за угостителите. Властите порачуваат дека нема да има отстапки кога станува збор за заштитата на јавното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот