Очекувам успешна средба со Калас, вели Викторија Трајков
Заменик-министерката за Европски прашања, Викторија Трајков, попладнево во „Аргумент плус“ на телевизијата „24“ рече дека очекува средбата со потпретседателката на Европската комисија Каја Калас, која утре доаѓа во земјава, да биде успешна. Според Трајков, македонските и бугарските министерства се во постојан контакт и разговараат.
Препорачано
„Ќе има премиерот средба со Калас и очекувам дека ќе биде успешна. Она што е важно е дека очекуваме да помогне во процесот. Сметам дека ќе се отворат теми и ќе и ја раскажеме нашата приказна и ќе ги кажеме нашите аргументи кои што се и присутни во јавноста. Она што го видовме од Министерството за надворешни работи на Бугарија е дека уставните измени не се единствена пречка така што ние остануваме на нашиот став и не се поместуваме од нашите позиции. Ставот на премиерот е повторен и од министерството за надворешни работи и тоа ќе биде презентирано и на таа средба“, рече Трајков.
Таа рече и дека ставот на Владата е дека европскиот пат е единствена опција за Македонија.
„Премиерот и владата која доби поддршка од граѓаните јасно кажа кои се нашите црвени линии. Мојот личен став е дека мора да се стекне доберба и уривање на табуата. Постојано имаме комуникација со надлежните министерства и нашиот дел го кажуваме постојано. Во тој домен работиме и да ги надминеме разликите. Постојат неколку можности и сите тие содржат една клучна работа а тоа е да има меѓусебна почит. Мојот личн ства и на владата е дека европскиот пат е единствената опција на која работиме“, додаде Трајков.


