Очајно издание, Австрија со целиот „плен“ од Скопје (ФОТО/ВИДЕО)

Слободен печат/Арбнора Мемети

Австрија можеше да ја шокира нашата селекција уште во својот прв напад во првата минута, Арнаутовиќ во казнетиот простор шутираше, за наша среќа Димитриевски одлично реагираше.

мак от CocoBat на Rutube
Почетно тестирање на силите на двете страни, и едните и другите се обидуваа што повеќе да ја преземат контролата на играта, да се нападне противничкиот гол.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Ново невнимание во нашата одбрана, случајно Сабицер се најде во идеална прилика за погодок, но го погоди надворешниот дел од мрежата во 13. минута од средбата.

Доаѓаше и потребната поддршка од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, а и гостите имаа своја малубројна публика од околу 100 навивачи.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Во 19 минута водство за нашата селекција, една нафрлена топка беше наменета за Пандев, неговиот чувар Хинтерегер го измами својот голман и голема радост на македонската селекција.

20 минути подоцна гостите успеаја да израмнат, убаво беше пронајден Лазаро кој им избега на нашите дефанзивци и од непосредна близина го матираше Димитриевски.

Гостите можеа на полувреме да си заминат и со позитива, Сабицер избегна офсајд позиција, но за наша среќа ја погоди стативата.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Австријците продолжија од самиот старт на второто полувреме да напаѓаат, Ангеловски веднаш направи двојна замена, излегоа од теренот  Елмас и Несторовски, шанса добија Радески и Ристевски.

Во 61 минута беше досуден пенал за Австрија, Бејтулаи го фаулираше пребрзиот Сабицер, а прецизен од белата точка беше Арнаутовиќ.

Крајно непрепознатливи нашите играчи, никако да најдат решение да нападнат, фокусирани целосно на дефанзива, едноставно силно бевме нападнати од австриските играчи. Во 67. минута веќе беше направена и третата замена, излезе Николов, го замени Хасани.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Точка на мечот стави Арнаутовиќ со вториот гол во 82. минута, свирежи на трибините за нашите фудбалери кои едноставно не можеа да склопат една вистинска акција во вториот дел. Тука не застанаа гостите, бидејќи реализираа уште еден гол преку Лајмер 120 секунди подоцна.

Наредниот петти меч од квалификациската група Г нашите најдобри фудбалери ќе го имаат на 5 септември годинава на гостувањето кај Израел, а четири дена подоцна одат кај Летонија.

Квалификации за ЕП 2020

Македонија-Австрија 1:4 (1:1)

Хинтерегер (автогол) 19/Лазаро 39, Арнаутовиќ 61 (пенал), 82, Лајмер 84

Македонија: Димитриевски, Адеми, Алиоски, Пандев, Ристовски, Д. Велковски, Бејтулаи, Николов (Хасани 67`), Барди, Елмас (Ристевски 56`), Несторовски (Радески 56`)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот