Обвинителството откри дека кучињата во Косел биле отруени: Активист нуди голема парична награда да се пронајдат злосторниците

По виралното видео споделено на социјалните мрежи кое ја згрози јавноста, а во кое се гледаат пцовисани кучиња, на повик на активистот кој се грижел за шесте шепасти миленици полицијата и обвинителството денес потврдија дека се работи за труење, објави Климент Арнаудов во долг емотивен пост споделен во Фејсбук групата Миленици.

Хорор глетка: Масовно труење на кучиња во Охрид

„Случајов го пријавив во полиција, дојде на терен и констатира дека станува збор за труеж кој значи прекршување низа закони, по што контактирано беше Јавно обвинителство кое заедно со кримтехника дојде на терен и собра доказен материјал (обвивките од паштети кои ги најдов наоколу, а во кои отровот им беше подметнат). Притискав да се стигне до отпечатоци, не само до вид на отров, ќе има истрага во таа насока и ако е нужно ќе молам за ваша помош со донации за покривање на тој трошок. Воедно, крајно задоволен сум од професионалниот ангажман на полицискиот службеник и јавниот обвинител, но не и од ветеринарниот инспектор (на кој и натаму упорно одбив му стварам, небаре за мене нешто „му губам“ време)“ напиша Арнаудов.

Тој во својот пост нагласува дека нуди награда од 500 евра за кои цврсто верува дека ќе ги обезбеди со донации, само да се соберат што повеќе веродостојни информации преку кои ќе се идентификуваат трујачите.

Исто така, покрај охрабрувањето за можните сведоци, Арнаудов нагласува дека за едно од отруените кучиња веќе бил обезбеден дом во Италија.

„Возрасното имаше дом во Италија, кастриран беше, се чекаше олабавување на нештава со короната за да организираме превоз, не дочека кутриот, старата женичка која исто го хранеше не можеше да се смири од плач и тага, душевен бол е тоа, но оваа држава нема осет за тој бол, нема осет за никаков бол, освен што има осет само за злото да го тапка по рамо“ револтирано коментира Арнаудов.

Неговиот емотивен пост, во целост може да го прочитате тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот