Хорор глетка: Масовно труење на кучиња во Охрид

Денеска е забележано масовно труење на кучиња во охридското село Косел, а вознемирувачко видео од овој нечовечки чин веќе се споделува на социјалната мрежа Фејсбук.

– Масакар во с. Косел, Охрид. Ми ги отруја душињава што ги хранев, предупредував на тоа та затоа и ги објавував скоро секој ден. Полиција доаѓа на терен. Само да стигнеме до сторителот бел ден не ќе види. Ми трпи и работа и сѐ, животов ми се скрати ќе ја тужам и државава за нанесен душевен бол и сѐ. Ми ја нема уште една голема кучка, стерилизирана и скоцкана чувана со години тука, телото го нема никаде, напиша Климент Арнаудов, кој прв ја сподели оваа вест на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот