Обвинителството бара да му се одземе имунитетот на Бојко Борисов – експремиерот е осомничен за корупција

Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Софиското градско обвинителство му предложи на главниот обвинител на Република Бугарија да поднесе образложено барање до Народното собрание за дозвола за поведување кривично гонење против Бојко Борисов, поранешен премиер и актуелен пратеник во Народното собрание, јавија бугарските медиуми.

– Предлогот е подготвен во врска со предистражна постапка, позната во медиумите како „Барселонагејт“, во која се собираат докази согласно чл. 219 од Кривичниот законик за сторено кривично дело од чл. 253 од Кривичниот законик на народниот пратеник (перење пари), извести државното обвинителство на Бугарија

Од прибраните докази во текот на предистражната постапка може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на стореното кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот