Обвинителство ја засилува истрагата за предметот „Таргет-Тврдина“ по вметнувањето на Груби и Беџети на црната листа

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Постапувајќи по предметот оформен по назначувањето на две лица на црната листа на САД, Основното јавно обвинителство Скопје информира дека се преземени дејствија во рамките на кои истражител од Истражниот центар на обвинителството ги побарал и ги презел од Судскиот совет сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.

Од ЈОРСМ посочуваат дека се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на брифинг со медиумите завчера, информираше дека оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.

– Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание, истакна Коцевски на брифинг со новинарите.

Американскиот Стејт департментот во понеделникот ги стави на црна листа поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот