Обвинител изврши увид на местото на грозоморното убиство во Скопје, телата на жените предадени на обдукција
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги убил своите мајка и баба, соопшти Обвинителството.
Препорачано
Претходно, полицијата соопшти дека 40-годишниот скопјанец М.Ј. со остар предмет ги убил мајката и бабата, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.
– Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј. (40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.
„Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на местото“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Ужасно злосторство на „Рузвелтова“: Маж си ги убил мајката и бабата


