Обвинети две лица поврзани со смртта на полицаец во нередите на 6 јануари во Вашингтон

Министерството за правда на САД денеска соопшти дека се покренати обвиненија за двајца осомничени кои за време на нередите во Капитолот на 6 јануари наводно ги напрскале полицајците со хемиско средство со раздразнувачка реакција, по што еден службеник подоцна почина, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Џулијан Ели Катер и Џорџ Пјер Танјус се обвинети за низа противправни дејства, вклучувајќи напад на службени лица со примена на смртоносно оружје.  

Како што прецизираа обвинителите, осомничените прскале активно хемиско средство со силно дејство во лицата на најмалку тројца полицајци на Капитол. Содржината на средството се уште не е утврдена. 

Еден од полицајците, Брајан Сикник, потоа бил однесен во болница, а следниот ден починал. Катер и Танјос засега не се обвинети за убиство на Сикник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот