Обвиненија за убијците на словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Надлежните во Словачка денес обвинија четири лица за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова во 2018 година, кое предизвика големи протести против корупицијата на највисоко ниво во земјата и предизвика оставка од тогашниот премиер Роберт Фицo.

Портпаролот на државното обвинителство соопшти дека се поднесени вкупно шест обвиненија во тој случај, вклучувајќи и за убиство со предумисла.

Провоосомничен е Марјан Коцнер, претприемач со политички врски кој беше главна тема на новинарските истражувања на Куцијак за корупција и непотизам, за кого обвинителството верува дека го нарачал убиството.

Тројца осомничени, вклучувајќи го и Коцнер, се изјасниле како невини, додека четвртиот признал дека пукал во Куцијак, а петиот дека помогнал со убиството.

Куцијак (27) и Кушнирова се убиени со огнено оружје во нивната куќа во близина на Братислава во февруари минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот