Обрадор упати критики кон САД: За два дена ѝ помогнавте на Украина, а Централна Америка со години чека ваша помош

Фото: EPA-EFE/Sashenka Gutierrez

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ги критикуваше САД за нивната брза акција за одобрување помош за Украина, иако инвестициите во Централна Америка се заглавени поради „бирократијата“.

Соединетите Американски Држави посветија помош од милијарди долари, вклучително и оружје на Украина за да се одбрани од руската инвазија на нивниот сосед. Русија го нарекува нејзиниот упад како „специјална воена операција“, пишува Ројтерс.

Лопез Обрадор долго време ги притиска САД да инвестираат повеќе во Централна Америка за да помогнат во справувањето со причините за миграцијата. Американскиот претседател Џо Бајден вети најмалку 4 милијарди долари за промовирање на развојот во Централна Америка и јужно Мексико.

„САД штотуку овластија ресурси, и тоа е во ред бидејќи нивната политика е да ја заштити Украина, но тоа беше одобрено од американскиот Конгрес мислам дека за два дена, а поддршката за браќата од Централна Америка ја бараме веќе четири години и таа не е одобрена“, рече тој на прес-конференција.

„Односите се многу добри, но таму има и многу бирократија“, додаде Лопез Обрадор, мислејќи на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот