Обновено фудбалското игралиште во населбата Влае 1

Фото: Општина Карпош

Населбата Влае 1 доби ново фудбалско игралиште, информираа од Општина Карпош.

Во изведба на градежната фирма ,,Мастев ДООЕЛ Скопје”, а во висина од 2.977.908 денари, целосно се реконструираше фудбалското игралиште со вештачка трева и нови голови. На спортското игралиште поставена е и заштитна ограда – велат од Карпош.

Оттаму додаваат дека ова е едно од трите фудбалски игралишта, покрај оние во населбите Нерези и Карпош 4, кои беа пуштени во употреба во изминатиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот