Фото: olga Yastremska / Alamy / Profimedia

Облеката ви се обои при перење? Еве како лесно да ја спасите

Не очајувајте ако облеката ви ја променила бојата при перење – постојат неколку едноставни трикови со кои може успешно да ја вратите во првобитна состојба, пишува „Вечерњи лист“.

Доколку некое парче пуштило боја и ги обоило останатите алишта во машината, најпрво треба да откриете кој е „виновникот“ и веднаш да го отстраните од останатата облека.

Потоа, обојените парчиња повторно ставете ги на перење. Освен стандардниот детергент, додадете и средство за избелување – но внимавајте тоа да не содржи хлор, бидејќи може дополнително да ја оштети ткаенината.

Клучно е да реагирате навреме и да не дозволите облеката да се исуши. Отстранувањето на бојата е многу потешко откако дамките ќе се фиксираат со сушење.

Ако, сепак, облеката веќе се исушила, решението бара малку повеќе трпение. Во тој случај, потребно е обојените парчиња да ги потопите во вода во која претходно сте раствориле прашкаст детергент. Оставете ги да отстојат најмалку осум часа, па проверете го резултатот.

Доколку бојата не се отстрани од првпат, постапката може да се повтори додека не се постигне посакуваниот ефект.

Со навремена реакција и правилен пристап, дури и ваквите незгоди при перење може успешно да се решат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот