Облече ист фустан како минатата година: Меланија повторно заблеска во креацијата од Prada (ФОТО)

profimedia

Првата дама на Америка е позната по својот беспрекорен стил на облекување, но не е новост да облече исто парче облека.

Меланија Трамп на дружењето со мајките на американските војници кое го организираше американскиот претседател Доналд Трамп заблеска во фустан со боја на слонова коска.

Едноставната креација без ракави која ја следи линијата на телото и се спушта до колената на првата дама на Америка и стоеше како лиена. Везеното цвеќе на градите и по должина на десната нога му даде на овој стајлинг посебен печат.

Но, еден детаљ не помина незабележано.

Имено, едноставната креација без ракави со потписот на Prada првата дама на Америка веќе ја носеше минатата година на конференцијата за медиумите со јапонскиот претседател Шинзо Абе и неговата сопруга Аки Абе.

Иако, поради богатството во кое ужива како прва дама на Америка, госпоѓата Трамп може на секој јавно случување да се појави во нови креации на облека, но таа за овој пат од својот гардеробер избра веќе носен фустан.

Станува збор за модел кој веќе одамна е распродаден во целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот