Обилните менструации се знак за овие сериозни проблеми, никогаш не игнорирајте ги екстремните крвавења

Фото: Профимедиа

Кај младите девојки кои сѐ уште немаат правилни овулациски циклуси и кај жените кои се приближуваат кон менопауза, обилните менструации се релативно честa појава.

Меѓутоа, и кај многу други жени, во различни периоди од животот можат да настанат обилни крвавења, а некои, пак, се соочуваат со константни обилни менструални циклуси. Во медицинскиот речник, обилното крвавење се нарекува менорагија, а ова нарушување е познато и под називот hypermenorrhoea.

Обилните менструации најчесто се показател на хормонски нарушувања, меѓутоа, тие можат да бидат последица и на бројни други нарушени состојби во организмот, како што е миом на матката, инфекција во малата карлица или ендометриоза.

Обилните изливи на крв од матката често се јавуваат и заради аденомиоза, полипи на матката или грлото на матката, како и поради циста на јајчникот.

И спиралите кои се користат како контрацептивно средство понекогаш доведуваат до мошне обилно крвавење, и во тој случај обично се советува тие да се отстранат.

Жените кои често страдаат од обилно крвавење треба да се јават кај својот лекар, за да се испита причината за тоа или да се открие евентуална појава на анемија.

Постојат различни симптоми и знаци кои ги покажуваат вистинските проблеми. Еден од нив е ако менструацијата трае подолго од 7 дена и ако губењето на крв за време на циклусот е обилно
. Во вакви ситуации секоја жена треба да се јави итно на гинeколог. Со прегледот, гинекологот ќе утврди дали има абнормални појави на матката и ќе ги направи сите анализи, како што се папаниколау тест, биопсија на грлото на матката или киретажа, односно лупење на слузницата на матката.

Паралелно со тоа, неопходно е да се направи преглед на крвта за да се провери дали пациентката е анемична или има некоја друга болест која го предизвикува обилното крвавење.

Иако менорагијата не се смета за сериозна болест, затоа што во најголем број случаи не постои некоја посериозна причина за обилното крварење од матката, сепак треба да се обрати големо внимание на тоа дали жената е анемична.

Лекувањето на жените кои имаат нарушувања на менструалниот циклус почнува со медикаменти. Ако личноста е млада и нема патолошки промени на матката, лекарот и препишува естроген и прогестерон, а потоа друг препарат поради намалување на крвавењето. Ако жената од некоја причина не сака или не смее да ги прима овие препарати, тогаш постојат други лекови за регулирање на циклусот.

Доколку пациентката е анемична, треба да внесува железо во организмот. Ако жената е повозрасна или ако кај младата пациентка крвавењето трае долго време, тогаш се прави киретажа да се најде причината за крвавењето. Откако ќе се направи киретажата, дури и да не се открие вистинската причина за крвавењето, тоа, сепак, престанува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот