Обид за силување во Негорци, фатен сторителот

Денес меѓу 14:00 и 14:30 часот во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело „Обид за силување“, информираа попладнево од СВР Струмица.

– По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода, стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко.

Лицето е задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Основното јавно обвинителство ќе следува понатамошно постапување по пријавениот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот