Каја Калас / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

„Обично не пијам, ама ова е добар момент да се фатиме за шишето“ – Калас ќе се пропие од мака за состојбата во светот

Во сенка на заканите за Гренланд, конфликтите во Украина и Газа и немирите во Иран, шефицата на надворешната политика на ЕУ со иронична забелешка ја опиша тежината на глобалните случувања и најави можност за нови санкции против Техеран.

Шефицата на надворешната политика на Европската Унија, Каја Калас, приватно им рекла на пратениците дека состојбата во светот значи дека ова можеби е добар момент „да се фатат за шишето“, објави „Омни“.

Калас им изјавила на лидерите на политичките групи во Европскиот парламент дека, иако вообичаено не пие многу, сега можеби е време да почне, имајќи ги предвид настаните ширум светот, според зборовите на две лица кои присуствувале на состанокот.

Таа зборувала приближно во исто време кога министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска одржувале состанок со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, и државниот секретар Марко Рубио, поради заканите на Доналд Трамп дека ќе го заземе арктичкиот остров.

Дипломатката на ЕУ – која ја координира надворешната политика на блокот во име на 27 влади и Европската комисија – ја изнела шегата на состанокот на Конференцијата на претседатели, односно состанокот на лидерите на пратеничките групи во Парламентот.

Нејзините коментари следеле откако водечките пратеници на Европскиот парламент меѓусебно почнале да си ја честитаат Новата година.

Истите тие пратеници додале дека, поради глобалните случувања, таа и не е баш толку среќна, според изјавите на присутните.

Со стравувањата во Европа дека Трамп би можел да го присоедини Гренланд, масовните протести против исламистичкиот режим во Иран, како и поради тековните конфликти во Украина и Газа и американската операција во Венецуела, геополитиката стана најитното прашање за Европската унија.

Калас подготвена да предложи нови санкции против Иран

Еден од најновите потези на Каја Калас беше изјавата за медиумот Политико дека е подготвена да предложи нови санкции против Иран, по репресијата на властите која, според извештаите, однела стотици животи.

Портпаролот на Каја Калас не одговорил веднаш на барањето за коментар, пишува Политико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот