Нурмагомедов против Фергусон за титулата во Њујорк

фото:твитер

Менаџерот на борецот за „ЕСПН“ рече дека Хабиб Нурмагомедов во април 2020. година ќе се бори во САД со Тони Фергусон.

Се потврди дека е потпишан договор за борба меѓу Нурмагомедов и Фергусон, а истата информација ја објави и Дана Вајт кој информираше дека борбата треба да биде одржана на 18. април во „Барклис центар“ арената во Њујорк.

Но, од друга страна Фергусон сеуште не ставил потпис на договорот иако покажува интерес за борбата.

Нурмагомедов титулата во УФЦ ја потврди на 7. септември со победата против Американецот Дастин Пори во Абу Даби.

Уште пред таа борба, Нурмагомедов истакна дека само Фергусон заслужи да биде негов нареден противник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот