НСДП: Да продолжиме да ја развиваме Македонија

НСДП, Фото: Архива

Од НСДП изразуваат надеж дека наскоро ќе се ослободиме од товарот кој демнее над нашето здравје и безгрижно во наредната година ќе продолжиме да чекориме кон градење на подобро, поправедно и побогато општество.

Нова социјадемократска партија (НСДП) во честитката што ја упати до граѓаните по повод новогодишните празници посочува дека позади нас оставаме една тешка година која, како што велат, бараше од целото општество и државата целокупната енергија и капацитети да ги насочат кон заштита на здравјето и спречување на ширењето на Ковид-19.

Од НСДП изразуваат надеж дека наскоро ќе се ослободиме од товарот кој демнее над нашето здравје и безгрижно во наредната година ќе продолжиме да чекориме кон градење на подобро, поправедно и побогато општество.

– Остануваат уште многу задачи и проблеми кои треба да ги надминеме. Потешкотиите кои ни се испречија на патот кон ЕУ не треба да не демотивираат и обесхрабруваат во заедничките определби и стремежи европските вредности да ги вградиме во функционирањето на институциите. Во новата 2021 година политички сплотени и посветени да продолжиме Северна Македонија да ја градиме и развиваме, да создаваме цврсти и професионални институции во кои граѓаните веруваат, да создаваме стимулативни услови за раст и развој на економијата, да ја подобриме благосостојбата и ја намалиме сиромаштијата, се вели во честитката од НСДП.

Како политичка партија тие изразуваат надеж дека и во наредната година почитувањето на човековите права, владеењето на правото, слободата, солидарноста и еднаквоста ќе останат вредносни импeративи на политичкиот живот во Северна Македонија.

– Ви посакуваме многу здравје, среќа и радост во новата 2021 година, се вели во новогодишната честитка на НСДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот