НПФ: Александар Маленко е суспендиран од Одделот задолжен за Интегритет во светското пливање

фото: Национална пливачка федерација

Национална пливачка федерација предводена од претседателот Горан Стојановски ги извести медиумите дека од страна на одделот задолжен за Интегритетот во светското пливање, добиена е потврда за суспензија на Александар Маленко.

– Потврдата е произлезена од лажните искази на Маленко за наши врвни пливачи и Олимпијци, нарушување на угледот на Федерацијата како во домашни така и во Светски рамки и дополнително задолжување – информираат од Националната пливачка федерација.

На Маленко му се забранува трајно да се занимава со какви било активности поврзани со пливачки спортови, односно спортови од надлежност на Националната пливачка федерација.

Одлуката се однесува и на активности кои не се натпреварувачки, како што се тренерски, судиски, едукативни, административни активности итн.

Минатата година во ноември, Стојановски објави соопштение во кое вели дека Маленко лажно се претставува како претседател на Пливачка федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот