Ново рочиште за „организаторите на 27 април”

Фото: МИА

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Организаторите на 27 април”. Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески.

Повеќето сведоци, сослушани на последното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред Собранието, како и дека немале никаква комуникација поврзана со протестите со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот