Ново полугодие стари проблеми: Во тетовските училишта недостасуваат речиси 40 000 учебници

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Започна второто полугодие во тетовските основни и средни училишта, но учениците најверојатно и во вториот дел од учебната година ќе се соочат со стариот проблем, недостиг на учебници.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, велат дека во училиштата недостигаат безмалку 40 000 учебници, кои од Минитерството за образование им ветиле дека ќе се распределат таму каде што недостасуваат.

Тоа што го вети Министерот за образование и наука не беше реализирано , според податоците кои го собиравме додека траеше зимскиот распуст кај нас недостасуваат безмалку 40 000 учебници, што значи во текот на првото полугодие Министерството за образование доставило околу 2000 учебници.Без учебници навистина не може да се продолжи нормално наставата. Се работи за голема бројка, но наставниците се трудат да го организираат наставниот ден иако не е дозволено да се фотокопираат, понекогаш мора да се снајдат и да направат по некоја фотокопија, за да може да тече образовниот процес“, рече Назми Даути раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

И тие книги кои ги има во училиштата се во лоша состојба.

„И тие книги кои се во нашите училишта се многу оштетени, иако со закон е уредено дека учебниците треба да се користат 5 години. Но, треба да се знае дека се работи со деца, особено за основните училиште, за една година само да се поминат страниците ќе се оштетат, а не да се користи тој учебник 5 години. Треба министерството да размисли да дели почесто учебници“, вели Даути.

Инаку во учебната 2023 – 2024 година во основните и средните училишта во Тетово се запишаа помалку 170 ученици за разлика од минатата учебна година. Голем дел од тетовските семејства заминуваат во западно-европските земји, но и намалувањето на наталитетот е еден од главните причини за намалувањето на бројот на ученици, додаваат од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово .

Инаку Управниот суд минатата недела ја врати надлежноста за тетовската гимназија на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, а одлуката локалните власти ја нарекоа како триумф во образованието.

Jа добивме пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерството за образование и наука со кое беше одземена надлежноста на Градоначалникот на Општина Тетово по однос на целокупното работење на Средното општинско училиште Гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово, соопштија од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово на минатонеделната прес конференција.

Гимназијата подолг период се соочува со проблеми во воспитно образовниот процес, а неодамна училишниот објект одреден период остана без струја поради неплатени сметки.

Сега со враќање на надлежноста на општинската власт во гимназијата ќе се одвива нормално наставата како и во останатите средни училишта во Тетово, уверуваат од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Директорката на тетовската гимназијата во полиција пријавила дека лица кои ја повикале во Општината и побарале да даде оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот