ВИДЕО: Партал учебници во тетовските улилишта- недостасуваат над 20.000 книги од речиси сите предмети

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Без корици и доволно страници, изврцкани и искинати. Во ваква состојба се учебниците во тетовските основни и средни училишта. Во основното училиште „Братство Миѓени“, наставниот кадар учебниците ги имаат ставено во една просторија, за да ги распределат по класови.

„Ние се обидуваме да ги распределиме по класови учебниците, но што да распределиме, учебниците се толку уништени што не можеме да ги препознаеме. Освен што се уништени, има учебници кои воопшто ги немаме, а нивната бројка е доста голема. Можам да кажам дека во секое одделение недостасуваат по десетина учебници, а останатите се партал и како да го водиме образовниот процес оваа година само се чудиме“, велат од раководството на Основното училиште Братство Миѓени.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, велат дека во тетовските основни и средни училишта недостасуваат над 20 000 учебници, а останатите се уништени, но и стари и по повеќе од десетина години. Секоја учебна година приказната е иста, бараме учебници од надлежното министерство, но сликата и сами ја гледате во самите училишта, велат од секторот.

„Голем проблем кој го имаме со години е недостигот на учебници, се уште немаме учебници во основните и средните училишта, значи проблемот продолжува и оваа учебна година. Сега недостигаат над 20 000 учебници во основните и средните училишта и тие книги кои се во училиштата се оштетени. Тие книги кои ги има во училиштата треба законски на секои 5 години да се менуваат, но има книги кои се постари и од 10 години, тие веќе се неупотребливи, вели Назми Даути раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово .

Наставниот кадар се снаоѓа како знае и умее.

„Наставниците се трудат да копираат материјали иако не е дозволено фотокопирање, но немаат друг избор, мора некако да завршат работа. Министерството за образование и наука требаше малку посериозни да бидат, имаа време од 3 месеци да набават учебници, а не сега кога започна веќе учебната година оти книгата највеќе влијае на образовниот процес“, вели Назми Даути раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово.

„Слободен печат“ направи и неколку фотографии за да се долови дополнително лошата состојба на учебниците во тетовското училиште „Братство Миѓени“.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

 

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот