Новиот сој ламбда станува доминантен во Јужна Америка, експертите се загрижени

Додека Европа стравува од брзото ширење на делта сојот на Ковид-19, во Јужна Америка веќе почнува да се шири нова, поопасна варијанта на вирусот, наречена ламбда. Моментално овој сој, познат како Ц-37, е присутен во 29 држави. Оваа нова мутација на вирусот наскоро ќе биде на сите насловни страници ширум светот, пренесува Дојче Веле.

СЗО изминатава недела соопшти за постоењето на новиот сој ламбда, кој бил пронајден уште во Август 2020та година во Перу, но сега е присутен и во повеќето другите големи латиноамерикански земји, како Бразил, Колумбија, Аргентина, Еквадор, Чиле и Мексико. Сега ламбда сојот доминира со 82% во Јужна Америка, а во Чиле веќе е причина за секоја трета инфекција.

Жаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни болести на СЗО, за Дојче Веле изјави дека до сега нема сериозни интуиции за агресивно однесување на ламбда варијантата. Иако постојат можности за повисоки стапки на инфекција, се уште немаат темелни истражувања за да би можеле да го споредат со гама и делта варијантите.

Тој додаде дека вакцинацијата е најдоброто оружје против различните соеви.

Моментално гама и делта варијантите, како и претходните алфа и бета, припаѓаат во загрижувачките соеви. Докажано е дека се позаразливи, потешко се лекуваат и носат потешки заболувања.

Но прашањето е дали ламбда сојот е  само почеток на целиот хаос во светот? Многу лекари тврдат дека на пандемијата ќе и дојде крајот откако 80% од населението во светот ќе биде комплетно вакцинирано, а до тогаш вакви нови варијанти на вирусот само ќе се појавуваат.

Микробиолог, Пабло Тсукајама од Перу со својот тим во Лима е тој што ја откри ламбда мутацијата. Тој вели дека во Декември имале околу 200 заболени со ламбда сојот. На крајот од март тоа беше половина од сите нови инфекции во Лима, а сега по три месеци, во целата земја е присутен со 80%. Ламбда во кратко време стана доминантен сој во Перу, вели Тсукајама. Ламбда ги потисна сите останати варијанти кои ни звучеа како опасни. Дури и гама варијантата од Бразил.

Перу инаку е земјата која најтешко живее за време на пандемијата, со преку 187 илјади мртви, најголемата стапка на загинати во светот. Затоа не е чудо што баш таму се појави новата варијанта на вирусот.

На Јужна Америка и се заканува третиот бран на корона вирусот, а на целиот континент од почетокот на пандемијата се регистрирани милион жртви од ковид-19.

Со стратегиите на побогатите држави, за посиромашните земји се инвестирани 9.6 милијарди долари за вакцинирање, а 1.8 милијарди дози на вакцини се поделени во околу 90 држави. Тоа е единствениот начин за спречување на брзото ширење на ламбда варијантата во овие држави.

Видео на денот