Новиот моден тренд сам ги менува боите: Патики по кои побудалеа сите (ВИДЕО)

Пристигна уште еден новитет! Од целосно бели патики кои сите ги обожаваме, до многубројни бои кои ќе се создадат со само еден ваш чекор…

Ова е сјајна вест за љубителите на откачени обувки.

Имено, познатиот бренд Converse ги здружи силите со креативците од Chinatown Market за да креираат патики кои на природна светлина целосно ја менуваат бојата.

Додека се наоѓате во затворен простор, тие се целосно бели и на нив не се гледаат траги од ниту една друга боја, меѓутоа кога ќе излезете, на природно сончево светло, тие стануваат портокалово-сино-виолетови.

Нивната разумна цена и достапноста се причина зошто овие патики веднаш по лансирањето доживеаа голем успех. Имено, за високиот модел на патики ќе морате да издвоите околу стотина долари, а за нискиот околу 85 долари.

Основачот на Chinatown Market Мајк Шерман за патиките вели:

– Се што е потребно за патиките да ја променат бојата е сончева светлина. Во тоа е нивната убавина. Не ви е потребна никаква посебна технологија, не треба да бидете уметници. Не ви даваме кутија со фломастери па да ви кажеме „Сега сами направете си кул патики“. Нема трикови, тие се менуваат додека се движите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот