Новиот министер за култура ќе ја почека реконструкцијата

министерство за култура
Министерство за култура / Фото: Слободен печат

Откако Министерот за култура, Асаф Адеми, по неполна година на функцијата, поднесе оставка од здравствени причини, неговото место не е заменето повеќе од еден месец.

– Премиерот Заев, а и ние како Влада коментиравме дека ќе има пакет на промени. Едно од местата кои треба да се пополнат е и за нов министер за култура. Засега нема нов предлог, но премиерот ги продолжува консултациите со политичките партии за комплетирање на новиот состав. Значи, новиот министер за култура ќе биде именуван заедно со другите измени што треба да се случат – вели во изјава за „Слободен печат“ портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа.

Во отсуство на министер за култура, надлежностите на министерството ги врши заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот