НОВИНАРИТЕ И БЛОГЕРИТЕ стануваат странски агенти, руската дума усвои закон за нив

Руската Дума усвои предлог закон кој на Владата и дава право да ги регистрира блогерите, новинарите и корисниците на социјалните медиуми како странски агенти.

Предлог-законот го проширува постојниот закон за медиуми кои финансирани од странство, донесен во 2017 година, како одговор на одлуката на Министерството за правда на САД,  руската телевизија РТ да ја окарактеризира како странски агент.

Новиот закон може да се примени за секој кој дистрибуира содржини од медиуми кои се регистрирани како странски агенти и прима уплати од странство.

Хјуман рајтс воч оцени дека предлог законот е „понатамошен чекор кон ограничување на слободните и независните медиуми во Русија кој ќе ги погоди новинарите и блогерите”.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир вчера ги повика пратениците да не го усвојат законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот