Нови протести во Минск: Десетици илјади демонстранти на улиците, уапсени се над 250 од нив (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/STR

Белоруските безбедносни сили на денешниот митинг во Минск приведоа над 250 демонстранти, соопшти Министерството за внатрешни работи, додека десетици илјади демонстранти се излезени на улиците низ главниот град на последниот, петти голем антивладин протест од претседателските избори, јави ДПА.

Огромна толпа луѓе е собрана во главниот град Минск, додека демонстрации се одржуваат и во други градови, додава германската агенција.

Фото: EPA-EFE/STR

Голем контингент полицајци и војници уште од претпладнето беше видлив низ улиците во Минск, а многу од нив го блокираа Плоштадот на независноста и пристапните улици и булевари до него. Слични сцени беа видливи во градската Палата на Република, клучната владина зграда.

Споредните улици, исто така, се полни со безбедносен персонал и блиндирани транспортни возила.

Протестите веќе петта недела ја потресуваат Белорусија, откако голем дел од населението одби да ги прифати резултатите од последните избори, за кои властите соопштија дека му дадоа на претседателот Александар Лукашенко повеќе од 80 проценти од гласовите.

Фото: EPA-EFE/STR

Тој со земјата владее над четвртина век и честопати се нарекува последен диктатор во Европа.

Групата за човекови права „Вијасна” изјави дека многу од новоприведените се жени и дека за време на приведувањата е пријавено насилство.

Денешниот редовен неделен протест, под паролата „Маршот на хероите”, е фокусиран на притворените, како Марија Колесникова, која е затворена под обвинение за обид за соборување на владата. Нејзиниот адвокат ги оцени обвиненијата апсурдни, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот