Нови проблеми за Германците, целата екипа на Динамо Дрезден во карантин

фото: твитер

– Во наредните 14 дена не смееме да тренираме, ниту да играме натпревари – рече спортскиот директор на клубот, Ралф Минге.

Комплицирана е состојбата во Германија која наредната недела и официјално треба да ја продолжи фудбалската натпреварувачка сезона 2019/2020.

Коронавирусот и натаму е присутен, првите луѓе на германскиот фудбал покажаа храброст за враќање на натпреварите, но не е до крај јасно како организаторите планираат да се одржат натпреварите и да се контролира самата ситуација.

На една недела пред рестартирањето на натпреварувања, се појави нов проблем. Во второлигашот Динамо Дрезден двајца играчи се позитивно тестирани на коронавирус, и донесена е одлука целата екипа да биде 14 дена во карантин, вклучувајќи го и стручниот штаб.

Играчите кои се заразени немаат симптоми на коронавирус. Во контакт сме со надлежните органира и ДФЛ за да знаеме што да правиме понатаму. Во наредните 14 дена не смееме да тренираме, ниту да играме натпревари – рече спортскиот директор на клубот, Ралф Минге.

Динамо Дрезден требаше да игра на гостински терен на 17 мај против Хановер во втората Бундеслигата, но истиот е одложен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот