Мохамад-Багер Галибаф / Фото скриншот Јутјуб

Нови проблеми на Иран: Kлучниот човек за мировните преговори со САД поднесе оставка

Иранскиот политички врв се соочува со нови внатрешни тензии откако претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф поднесе оставка од функцијата шеф на иранскиот тим во преговорите со САД, објави израелскиот медиум Канал 12, без да наведе конкретен извор.

Според информациите, Калибаф ја донел одлуката поради зголеменото влијание и мешање на генералите од Корпусот на Исламската револуционерна гарда во текот на преговарачкиот процес. Истите наводи ги пренесува и Тајмс оф Израел.

Има ли некој во Техеран да го каже судбоносното „да“ за крај на војната?

Спорот кулминирал околу катарски предлог за намалување на тензиите во Ормускиот Теснец, една од најважните глобални поморски рути за транспорт на нафта. Планот предвидувал симетричен премин на 20 ирански бродови и 20 бродови од арапските пристаништа во Заливот.

Израел: Чекаме зелено светло од САД и ќе го вратиме Иран во „камена доба“

Ваквиот предлог, според медиумските извештаи, предизвикал силно незадоволство кај Калибаф, што на крај довело до негово повлекување од преговарачката позиција. Засега нема официјална потврда од иранските власти за настанатите состојби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот