Нови инциденти на грчко – турската граница, мигрантите ја нападнаа полицијата

Во инцидентот е повреден еден грчки полицаец.

Со камења, дрва и разни предмети, насобраната група во неутралната зона на граничниот премин меѓу Грција и Турција, но од турска страна, ја нападнала грчката полиција, која одговорила со солзавец и шок бомби, за мигрантите и бегалците да се повлечат.

Во инцидентот е повреден еден полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

Во обидот на грчката полиција да спречи нов влез на бегалци и мигранти на грчка територија, од камен фрлен од другата страна полесно е повреден полицаец во пределот на лицето и бил пренесен во болница каде што му била пружена прва помош.

Според грчките медиуми, полицијата употребила и цистерна со топови вода за растерување на насобраните групи, а од фрлените предмети на грчка страна, оштетени се две возила на војската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот