Нови фотографии од Кејти Холмс и нејзиното ново момче – Сочни бакнежи и прегратки пред папараците (ФОТО)
Кејти Холмс и нејзиното ново момче се два месеци во врска…
Препорачано
Неодамна дознавме дека Кејти Холмс има нова врска, со познатиот готвач Емилио Витоло (33) кој е осум години помлад од неа, а воедно е и сопственик на луксузниот италијански ресторан „Emilio’s Ballato“, а нивната романса е еднакво шармантна како и ресторанот во кој се запознале.
За разлика од минатото, во кое својот љубовен живот актерката го криеше од јавноста, таа на последните папарацо фотки јавно го прегрнува и бакнува Емилио со голема насмевка на лицето без оглед на папараците кои очигледно биле во нејзина близина.

Емилио исто така се занимава со глума покрај водењето на ресторанот, па така тој глумел во неколку филмови и серии, помалку познати за нас. Тие двајца се во врска два месеци.

Тој наводно на своите пријатели им открил дека го освоила нејзината припадност, интелигенција, искреност и нормално насмевката по која е позната во целиот свет и дека неговата романса со Кејт оди толку брзо што актерката веќе го запознала и со својата ќеркичка Сури, која ја доби од минатиот брак со Том Круз. Емилио често бил гостин во нивниот дом.



