Нови дилери паднаа во акцијата „Гнев“

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Рашка, во рамки на акцијата „Гнев“, запленија денеска над 16,6 килограми марихуана и ги уапсија М.А. (1985) и З.Т. (1987), двајцата од Звечане, под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.

Попладнето, на автобуската станица во Рашка, полицијата ги пронашла осомничените при примопредавање на 15 пакувања со билни материи за кои постои сомневање дека се марихуана, соопшти полициското одделение во Краjeево.

Осомничените беа притворени до 48 часа и тие ќе бидат донесени во Вишото јавно обвинителство во Краjeево, заедно со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот